Имобиле го „плесна“ Видал и доби црвен картон (видео)

Чиро Имобиле не го дочека крајот од големото дерби меѓу Лацио и Интер, откако најдобриот фудбалер на Лацио заработи црвен картон на средина од второто полувреме.

Тој најпрвин настрада при еден старт на Артуро Видал, а потоа наседна на провокациите на противникот и го удри со рака по главата, за што веднаш беше испратен на ладење во соблекувалната.

И Интер до крајот на мечот доби црвен картон, откако Сенси беше испратен во соблекувалните од главниот судија, кој имаше полни раце работа на оваа средба.

Се вчитува...