Продолжува агонијата на Баерн Минхен сезонава под водство на Томас Тухел. Откако Баварците најверојатно ја загубија титулата во Германија по поразот во дербито од Баер Леверкузен, тие ќе имаат тешка задача и во реваншот на домашен терен во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија на гостувањето кај Лацио на „Олимпико“ со минимални 1-0.
Дајот Упамекано направи голема глупост во 67. минута кога нервозно стартуваше врз Исаксен по што главниот судија на мечот, Летесие свиреше пенал за „лацијалите“, а на Французинот му даде директен црвен картон. Пеналот успешно го реализираше Чиро Имобиле за победа од 1-0.
Red Card + Penalty call to Lazio, against Dayot Upamecano (Bayern Munich), who has to leave the pitch immediately. 67′
byu/dragon8811 insoccer
Lazio [1] – 0 Bayern Munich – Ciro Immobile (penalty) 69’
byu/ganiganiu insoccer
Во вториот натпревар од вечерашната програма Пари Сен Жермен со предност од 2-0 ќе патува на реваншот во Баскија против Реал Сосиедад. Килијан Мбапе во 58. минута донесе водство од 1-0 за домашните, додека конечните 2-0 беа дело на Баркола во 71. минута.
PSG [1] – 0 Real Sociedad – Kylian Mbappé 58′
byu/PSGAcademy insoccer
PSG [2] – 0 Real Sociedad – Bradley Barcola 70′
byu/PSGAcademy insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА