Лацио лесно дојоде до трите бода во дуелот со Салернитана на гостински терен, и тоа победувајќи го со 0-3. Да беа искористени уште неколку шанси, тогаш победата на избраниците на Маурицио Сари ќе беше поубедлива. Салернитана беше немоќна да се спротивистави на разиграните „лацијали“ кои на крајот имаа и повеќе удари, и поголем посед на топка и доминираа целосно во статистиката.
Имобиле за само три минути, односно во 7-мата и во 10-тата минута донесе 0-2, и се чини го реши прашањето околу победникот, а Лацари ги разреши сите дилеми во 66. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА