Чиро Имобиле пред крајот на кариерата ќе заигра и во францускиот шампионат, откако искусниот 35-годишен голгетер ја прифати понудата на Париз и најдоцна до утре ќе потпише договор со новиот француски прволигаш.
Имобиле на почетокот од оваа сезона се пресели во Болоња, но не доби премногу шанса за настап во овој клуб. Делумно поради повреда, делумно поради избор на тенерот, екс-капитенот на Лацио одигра само 227 минути за „болоњезите“, па јасно е зошто и тој и самиот клуб инсистираа на јануарски трансфер.
Понудата на Париз дојде во вистински момент, Имобиле експресно ги договори личните услови за 18-месечен договор, по што доби и зелено светло од Болоња, па сега се чекаат само лекарските прегледи пред овој трансфер да биде комплетиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

