Имобиле: Италија може да стане европски шампион

Италија за првпат во историјата заврши еден квалификациски циклус со максимални десет победи на десет натпревари, па во таборот на „аѕурите“ оправдано владее оптимизам во пресрет на европскиот шампионат.

Најголем оптимист од сите е Чиро Имобиле, кој постигна два гола во убедливиот триумф од 9-1 над Ерменија, а потоа најави дека Италија ќе атакува на златото на ЕВРО 2020.

„Пресреќни сме, ова беа неверојатни квалификации. Сега најпрвин ќе ја почекаме ждрепката за да видиме со кого ќе играме, но факт е дека составивме силна репрезентација, имаме квалитет и самодоверба. Докажавме дека можеме да играме на највисоко ниво, искрено се надевам дека можеме и да стигнеме до титулата на европскиот шампионат“ – изјави Имобиле.

Се вчитува...