Од Саудиска Арабија на адреса на Лацио стигнала монструозна понуда за напаѓачот Чиро Имобиле. Саудијците се подготвени да го наградат со милиони само да не потпише нов договор со римскиот клуб и да замине во С.Арабија, тврди „Калчомеркато“.
Меѓутоа медиумот објавува дека италијанскиот голгетер експресно ја одбил понудата, затоа што смета дека не е моментот да замине во оваа земја. Исто така Имобиле искажал желба да се пензионира како играч на Лацио.
Оваа вест доаѓа само неколку часа откако француските медиуми објавија дека Лионел Меси ја прифатил понудата од Саудиска Арабија и од тимот на Ал Хилал, но потоа неговиот татко ги отфрли сите шпекулации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА