Имобиле ќе биде подготвен за пресметката со Интер

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, ќе биде подготвен за настап во последното коло од Серија А, кога неговиот тим ќе се сретне со Интер. Тој меч можеби директно ќе решава за пласман во Лигата на шампионите. Во моментот „лацијалите“ имаат четири бода предност на табелата пред Интер, во пресрет на последните три кола. Последното коло е закажано за 20.мај, а Лацио ќе го пречека Интер на „Олимпико“ во Рим.

Имобиле го повреди бутниот мускул на мечот против Торино изминатиов викенд, но детлните лекарски прегледи покажаа дека не се работи за премногу сериозна повреда, и се очекува тој за две седмици да се врати на тренинзи со своите соиграчи.

Се вчитува...