Чиро Имобиле уште еднаш ја потврди лојалноста кон Лацио најавувајќи дека нема намера да ги промени клупските бои во текто на летниот преоден рок.
Ветеранот имаше тешка сезона исполнета со повреди кои го исфрлија од голгетерски ритам, поради што пред неколку месеци влезе во конфликт со навивачите на Лацио. Тогаш тој дури и се закани со заминување, но откако страстите се смирија Имобиле реши да остане во Рим, во клубот со кој има договор до јуни 2026 година.
„Веќе имам кажано, имам уште две години од договорот со Лацио и среќен сум овде. Моето семејство се чувствува одлично во Рим, не гледам причина зошто би си заминал. Секако, по една ваква сезона се поставуваат одредени прашања, стигнуваат критики. Сепак, минав седум одлични сезони овде и една година со променлива форма е нешто нормално, особено во сезона во која имавме и промена на тренерот. Не сум навикнат на критики, тоа малку ме исфрли од ритам, но една лоша сезона не може да го уништи сето добро што го имам направено во дресот на Лацио“, изјави Чиро Имобиле.
Искусниот 34-годишен голгетер е член на Лацио уште од 2016 година, кога пристигна од редовите на Севилја во трансфер вреден 8,75 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА