Имобиле потпиша нов договор со Лацио до 2022 година

Италијанскиот репрезентативец Чиро Имобиле потпиша нов договор со Лацио, согласувајќи се на нова верност до 2022 година. Тој во наредниот период ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси за успесите со клубот.

Имобиле оваа сезона игра одлично, постигна 11 гола на натпреварите во Серија А, како и во Лигата на Европа. Минатата сезона тој постигна 23 погодоци во првенството.

Лацио го продолжи договорот и со голманот Томас Стракоша до 2022 година.

 

Се вчитува...