Маурицио Сари се соочува со нов сериозен проблем откако беше објавено дека Чиро Имобиле повторно се заразил од коронавирус.
Најдобриот стрелец на римскиот клуб не настапи на последниот дуел со Џенова, за денеска да биде објавено дека Имобиле нема де може да настапи ниту против Венеција. Тој најпрвин бил во самоизолација бидејќи неговата сопруга добила позитивен тест, за денеска и самиот Имобиле да биде позитивен на тестирањето.
Чиро Имобиле и пред една година беше позитивен на коронавирус, при што пропушти две средби од Лигата на Шампионите, против Бриж и Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА