Најдобриот стрелец на Лацио и поранешен италијански репрезентативец Чиро Имобиле, откри дека одбил понуда од Саудиска Арабија, за да остане во Лацио. Според голгетерот, понудата била за размислување, меѓутоа на крајот останал во Рим.
„Мојата желба е да останам тука, сакам да играм во Лацио“, рече 33-годишниот напаѓач.
Ал Шабаб и Ал Веда биле заинтересирани за голгетерот, нудејќи 35 милиони евра како отштета на Лацио, и 70 милиони за самиот фудбалер за договор на две години, со вклучени бонуси.
Имобиле беше стартер за Лацио во првиот меч во Серија „А“. Тој го отвори резултатот, но Лече направи пресврт и му нанесе пораз на римскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА