Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле сака да се врати во Серија А.
Како што пишуваат медиумите од Апенините, офанзивецот би можел да потпише за Милан.
Тој моментално е во турски Бешикташ, за кого постигна 19 гола минатата сезона. Иако има 35 години, но сепак, од таборот на „миланезите“ сметаат дека може да биде од помош на тимот. Според најавите, во секој случај, би бил резерва во Милан доколку дојде.
Неговиот последен ангажман во Серија А беше во Лацио, во чиј дрес постигна 207 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

