Имобиле – шоу против Специја, прв „кикс“ на Аталанта

Лацио ја врза и втората победа на стартот од сезонава во Калчо-лигата откако избраниците на Маурицио Сари вечерва ја декласираа Специја со 6-1. Во главна улога беше Чиро Имобиле, кој во првото полувреме постигна хет-трик, правејќи целосен пресврт откако гостите на самиот почеток први го отворија резултатот.

Од тој момент, па до крајот на полувремето можеше да се проследи Имобиле – шоу на „Олимпико“, италијанскиот голгетер трипати го матираше гостинскиот голман, а згора на тоа имаше и еден промашен пенал. Андерсон постигна гол за 4-1 на почетокот од вториот дел,а по црвениот картон што го доби Амијан, меѓу стрелците за Лацио се запишаа и Хисај и Луис Алберто.

Аталанта во второто коло го имаше и првиот „кикс“ во новата сезона, ремизирајќи 0-0 против Болоња. Тимот на Синиша Михајловиќ успеа да го неутрализира атомкиот напад на Аталанта, домаќините имаа неколку одлични шанси, но не најдоа начин да го совладаат голманот Скорупски.

Се вчитува...