Трката за големата награда на Емилија Романа која ќе се вози на легендарната Имола во Формула 1 шампионатот ќе вгости 13 илјади навивачи.
Трката во Русија минатата недела беше првата на која имаше навивачи годинава во Ф1 шампионатот чив календар беше целосно изменет поради пандемијата од коронавирусот.
Нешто слично се случи и во Мото ГП шампионатот на патеката Мизано каде исто така беше дозволено да има публика на трибините. Сепак и покрај најавите и оваа информација мора да се земе со резерва бидејќи бројот на заболени од Ковид-19 во Италија повторно почна да расте, па можно е да дојде до нова забрана од Владата на Италија.
Трката за Големата награда на Емилија Романа е закажана за 1. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА