Поранешниот миленик на фановите на Интер, Адријано (42) е автор на текстот „Писмо до мојата фавела“ кој го напиша за The Players Tribune, во кој се присети на битката со алкохолот и сподели детали од неговиот сегашен начин на живот. По фудбалската кариера тој се врати во родниот Рио де Жанеиро, а деновите ги поминува „дружејќи се“ во киоскот „Нана“ во неговата населба Вила Крузеиро.
Адријано беше дел од Интер, и сите му предвидуваа блескава кариера. Но, алкохолот и желбата да биде во Бразил си го сторија своето.
„Не се дрогирам, како што некои сакаат да го претстават. Не сум вклучен во никаков криминал. Не сакам да излегувам по клубови. Секогаш одам на истото место во моето маало, а тоа е киоскот Нана. Ако сакате да се сретнете со мене, повелете, јас пијам речиси секој ден тука“, рече Адријано.
Адријано на почетокот не успеа во Интер, но по две години во Парма се врати на Сан Сиро во 2004 година во трансфер вреден повеќе од 23 милиони евра. Тој истакна дека Кларенс Сидорф му бил многу добар пријател и дека му е благодарен за се што направил за него, но неговото срце не му припаѓа на Милано.
„Сакав да бидам во Рио. Еднаш рано заминав од домот на Сидорф и им се јавив на мојата мајка и на моето семејство да им честитам Божиќ. Во позадина ги слушав тапаните и бев многу тажен. Затоа земав шише вотка и ја испив сам. Но, знам дека бев во Милано со причина. Бог ми даде шанса да го подобрам животот на моето семејство. Во еден момент избегав од Интер и се врати во Бразил. Мислеле дека сум киднапиран, но знаете дека никој не може да ми наштети тука“, рече Адријано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА