„Императорот“ од Турција промовиран на клупата на грчкиот гигант

Легендарниот турски тренер Фатих Терим, после 22 години повторно ќе работи надвор од Турција. Тој од денеска е назначен за тренер на грчки Панатинаикос.

Терим во 2001 година последен пат го водеше тимот на Милан, и тоа му беше последен предизвик во странство. После тоа ги водеше Галатасарај, во кој трипати се враќаше, два пати беше на клупата на Турција, и сега 70-годишниот „Император“ ќе ги води „зелено-белите“ во Грција.

Терим доаѓа на местото на Владимир Ивиќ, кој доби отказ во текот на вчерашниот ден.

Се вчитува...