Императорот се враќа на фудбалот, ќе предводи легендарен клуб

Легендарниот турски стратег Фатих Терим се враќа на тренерското место и во иднина ќе го предводи грчкиот великан Панатинаикос, пренесуваат тамошните медиуми. Очекувањата се дека 70-годишникот во следните денови ќе замине во Атина каде и официјално ќе биде претставен на клупата на „зелените“.

Терим чиј надимак е „Император“ важи за легенда на турскиот фудбал и е најзвучното фудбалско име во оваа држава. Во три наврати ја предводеше турската репрезентација, а во 2008 година играше и полуфинале на европското првенство.

На клупско ниво во четири наврати го предводеше Галатасарај со кој освои осум титули во турското првенство, три во Купот на Турција, пет Суперкупови и УЕФА Купот во 2000 година. Во Серија А беше дел од Фиорентина и Милан.

Се вчитува...