Импресивна партија на репрезентативецот: Растодер за четири минути со гол и асистенција

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер покажува одлична форма во швајцарскиот шампионат. Неговиот тим Тун е првопласиран на табелата, а после првиот дел има предност од 2-0 на гостувањето кај Грасхоперс, а македонскиот фудбалер учествуваше во двата гола.

Најпрво во петата минута го постигна водечкиот погодок за својот тим, а четири минути подоцна запиша и асистенција со која Тун дојде до 0-2, и тој резултат е актуелен на полувремето.

За Растодер ова беше петти гол во шампионатот на Швајцарија, и трета асистенција.

Се вчитува...