ИМПРЕСИВНО ЧОВЕЧКИ: Фудбалерите на Барса од соблекувална со велосипеди отидоа во болница да слават со Феран Торес (ВИДЕО)

Неверојатно импресивна приказна од соблекувалната на Барселона веднаш по синоќешната освоена титула во Ла Лига, по триумфот над градскиот ривал Еспањол од 0-2.

По завршувањето на мечот, четворица играчи на тимот, Дани Олмо, Ерик Гарсија, Педри и Ињиго Мартинес демонстрираа неверојатно човечки гест кој освои многумина љубители на фудбалот ширум светот.

Тие не се вратија со тимскиот автобус во клупската база, туку од стадион со изнајмени велосипеди се упатиле кон болницата во Барселона, да го посетат клупскиот соиграч Феран Торес сакајќи и со него да го прослават трофејот.

Торес беше итно опериран поради воспаление на слепо црево и не можеше да биде со тимот на мечот со Еспањол и прославата на титулата.

Се вчитува...