Имран Фетаи на „радарот“ на Лех Познањ

Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Имран Фетаи е потенцијално засилување за полскиот Лех Познањ за зимскиот преоден рок.

Фетаи одигра одличен натпревар за тетовци против Јагелонија во Конференциската лига на УЕФА, на дуелот на кој на арената „Тодор Проески“ во Скопје беа присутни и скаути на Лех Познањ кои го следеа неговиот настап.

23-годишниот дефанзивец е следен и од тимот од Серија А, меѓутоа, според последните информации кои ги пренесува „Опен ТВ“, Лех Познањ веќе изразил сериозна подготвеност за негов ангажман во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...