Дрита Ислами замина на Европското првенство во атлетика во Берлин да ја претставува Македонија и забележа исклучително слаб резултат, дури и за домашни стандарди. Ако за нејзиниот настап на тартанот и имаме разбирање со оглед на можностите, а беше ама баш последна од сите во квалификациите на 400 метри со пречки, тогаш дефинитивно заслужува најжестоки критики за однесувањето надвор од спортските борилишта.
Таа како репрезент на македонската атлетика, си дозволи да се прошета низ Берлин, и да „лета орли“, позирајќи до американски војници на служба во Германија. Ќе биде убаво Дрита Ислами да и објасни на македонската јавност и зошто заврши срамно последна на патеката, но уште повеќе дали се ова некои националистички пораки, додека е испратена да ја претставува Република Македонија на Европското првенство во Берлин.
И, веројатно, треба добро да размислат и од Агенцијата за млади и спорт, и од Атлетската федерација на Македонија, дали токму Дрита Ислами во иднина ќе треба да патува како наш претставник на големите натпреварувања. За да биде последна, може и некоја друга…И, по можност, да не „лета орли“!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА