Вардар го врати Фелипе. Му даде 20.000 евра плата и тој од плажа директно ќе игра натпревар против Шкендија.
Не ги мина подготовките со тимот на Александар Васоски, а и ќе требаше да игра на позиција ’воспитувач’ на „детската градинка“ која беше во Аланија.
Но, Фелипе си е Фелипе. Со еден ’слободен’ може да го реши дербито, па нормално е што навивачите се радуваат на неговиот камбек во Вардар.
Шкендија си имаше еден Ибраими, а дојде уште еден. На Бесарт му се придружи Агим. Тешко на ривалите.
В недела во Тетово веднаш е дербито. Може ли еден Фелипе против двајца Ибраими?
МИРА ДИЗЕЛ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФФМ
Изборното собрание на ФФМ е закажано за 17.март. Јас ја предлагам Мира Дизел за претседателка. И треба да биде прифатена со акламација.
Долго бара(в)ме способен човек кој би можел да го оправи фудбалот. Согласно ’капацитетите’ на пратеничката Мира Стојчевска, таа е веројатно идеалниот лик за подобрување на состојбите во македонскиот фудбал. Сите фудбалери би ги згрижила со одлична плата, а и браќа, сестри, роднини до трето колено сигурно би доаѓале да ги следат натпреварите во Првата лига. Добро, некое хонорарче би летнало и за тоа.
Се за доброто на фудбалот!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА