Во Скопје денеска по кратко боледување почина Јосиф Наумовски, доктор на медицински науки, истакнат интернист – кардиолог, но во домашните спортски кругови добро познат и како еден од основоположниците на коњичкиот спорт во Македонија.
Наумовски пред повеќе од 40 години беше еден од носителите на идејата за заживување на коњичкиот спорт во Македонија, голем хуманист и вљубеник во уметноста кого помладите македонски спортисти го паметат и како инспиратор на многу амбициозни проекти поврзани со коњичкиот спорт.
Сепак, домашната јавност ќе го памети пред се како врвен кардиолог кој зад себе остава богата професионална кариера.
Погребот на д-р Наумовски ќе биде в недела, на градските гробишта Бутел во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА