Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина еден од најистакнатите македонски спортски новинари, Зоран Поповски.
Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како телевизија А1, па печатените медиуми „Дневник“, „Македонски спорт“ и „Република“. Беше дел и од редовите на спортската редакција на ЕКИПА токму во годините на нашите почетоци кога и се поставуваа темелите на електронските интернет медиуми. Од летото 2018 година беше во спортскиот портал Спортманија.
Како новинар вљубеник во фудбалот, Поповски известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.
Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 15 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА