ИН МЕМОРИАМ: Почина Александар Забрчанец – Ацуле

Поранешниот претседател на Победа и еден од најпрепознатливите личности во македонскиот фудбал, Александар Забрчанец – Ацуле почина вечерва во 73 година од животот.

Со името на Ацуле врзани со сите успеси на клубот, омилен меѓу фудбалерите и навивачите, и Прилеп и Македонија ќе го паметат како ведар заљубеник во фудбалот, на кого го посвети цел живот.

Со Ацуле како претседател Победа двапати беше шампион и двапати вицешампион на Македонија, а го освои Купот на Македонија во сезоната 2001/02. Под негово водство Победа првпат заигра и во фудбалска Европа.

Се вчитува...