На 68-годишна возраст, синоќа, во Скопје, почина Бранко Костадиновски (1952-2020).
Тој речиси целиот работен век (до 2015 година) го помина во Фудбалската федерација на Македонија. Беше дел од Комисијата за натпреварување задолжен за Прва и Втора македонска фудбалска лига, а подоцна задолжен за натпреварувањата во футсал преку Комисијата за мал фудбал.
Погребот е утре во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА