Рано утринава во 76. година од животот почина Димитрија Поповски, еден од најистакнатите македонски пливачки тренери, кој зад себе остави неколкудецениска работа во пливањето. Роден е во Скопје во 1941 година, беше професор и декан на Факултетот за физичка култура во Скопје, долгогодишен селектор на пливачката репрезентација на Македонија, истакнат член на Македонскиот Олимписки Комитет, како и пратеник во македонскиот парламент.
Името на Димитрија Поповски и неговата несебична активност во пливањето, но во научната нишка на спортот како универзитетски професор, ќе останат запишани во историјата на македонскиот спорт.
Погребот на Димитрија Поповски ќе биде извршен в понеделник во 11 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА