Ин Мемориам: Почина Енвер Малиќи

Рано изутрина, во 68. година од животот, почина Енвер Малиќи, познат македонски бизнисмен кој со години наназад беше и голем поддржувач на спортот во Македонија.

Малиќи беше активен член од Управниот Одбор на КФСМ во последните две години, но и на почетокот на новото кошаркарско столеттие.

Енвер Малиќи беше почесен конзул на Мексико во нашата земја, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје.

Погребот на Малиќи ќе се изврши денеска, на градските гробишта во Бутел од 13.45 часот, согласно со актуелните здравствени Протоколи.

Се вчитува...