Македонскиот фудбалски простор остана без еден од најистакнатите спортски работници Енвер Сулејмани кој денеска почина ненадејно во Тетово.
Сулејмани беше една од личностите кои го градеа тимот на Шкендија каков денес го познаваме, а потоа долги години беше дел од раководните структури на Ренова со која ги доживеа најголемите успеси во својата кариера. Изминатиов период и тоа како имаше удел во градењето и на ФК Воска од Охрид како нејзин директор. Енвер Сулејмани беше дел и од Фудбалската федерација на Македонија како заменик генерален секретар. Токму и од оваа институција пред две години замина во пензија.
Погребот на Сулејмани ќе се изврши денеска во 15 часот на градските гробишта во Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА