ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, еден од најистакнатите играчи на прилепска Победа

На 71-годишна возраст, почина Јове Магдески, еден од  најистакнатите играчи на прилепска Победа. Веста ја објави неговиот екс клуб Победа Прилеп, кој се прости од, како што го нарекоа, мајсторо на фудбалската игра.

Магдески е роден во Прилеп во 1953 година, и целата кариера ја помина во Победа, и покрај интересот од неколку тогашни југословенски клубови. Ја носеше и капитенската лента на Победа, а играше и за аматерската репрезентација на Југославија. Беше кратко и шеф на стручниот штаб на Победа, откако тренираше неколку проверени фудбалски имиња како Марјан Стојкоски, Николче Здравески, Дарко Крстески, Илија Најдоски…

Денешниот меч помеѓу Победа и Вардарски ќе почне со минута молчење.

Се вчитува...