ИН МЕМОРИАМ: Почина проф. др. Јовица Угриновски

Македонија останува без еден од врвните неврохирурзи и почесен претседател на Федерацијата на планински спортови на Македонија, професор д-р Јовица Угриновски.

Најблиските се простија од својот ментор, професор, колега…

„Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77 годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван професор д-р Јовица Угриновски“, соопштуваат од Неуромедика.

Професорот Угриновски беше претседател на Федерацијата на планиниски спортови на Македонија, страствен вљубеник во алпинизмот кој под негово водство доживеа промоција на вистински начин во Македонија. Беше основач и претседател на управниот одбор на „НЕУРОМЕДИКА“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NEUROMEDICA (@neuromedica)

Се вчитува...