Поранешниот македонски олимпиец Коце Ефремов ненадејно почина на 62-годишна возраст во Кочани. Македонското борење остана без едно од најголемите свои имиња кој остави силна трага во спортот на просторите на поранешна СФРЈ.
Ефремов, кој е роден на 17 март 1956 година е еден од најистакнатите борачи на БК Спартак. Беше член и на југословенската репрезентација на Медитеранските игри во Сплит во 1979 година. Го освои златниот медал во борење – слободен стил во категорија до 48 килограми. Како репрезентативец на СФРЈ учествуваше и на Олимписките игри во Москва во 1980 година притоа освојувајќи го седмото место.
Погребот на Коце Ефремов ќе биде денеска од 12 часот на Градските гробишта во Кочани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА