ИН МЕМОРИАМ: Почина Мирко Новосел

Легендарниот тренер на југословенската и хрватската кошарка, Мирко Новосел, почина денеска на 86-гпдишна возраст.

Новосел најпрвин беше одличен кошаркар, потоа упште подобар тренер, а ќе остане запаметен по успесите со Цибона, тим што го водеше во три наврати. Врвот беше достигнат кога тимот од Загреб стигна до европски титули во 1985 и во 1986 година.

Исто така, Новосел имаше одлични резултати и како селектор на репрезентацијата на Југославија, освојувајќи две европски титули во 1973 и во 1975 година, потоа сребро на СП во 1974, додека во 1976 година стигна до среброто на ОИ во Монтреал и до бронзата на ОИ во Лос Анџелес.

Беше и селектор на Хрватска со која во 1993 година стигна до европска бронза, а Новосел е единствениот што три години по ред стануваше европски првак во три различни воарасни категории – најпрвин кадетски, па јуниорски и на крај сениорски шампион со Југославија.

Мирко Новосел е член на Куќата на славните во Спрингфилд, а ФИБА уште во 2010 година го внесе во сопствената куќа на славни.

Се вчитува...