ИН МЕМОРИАМ: Почина проф. др Милош Вучидолов

Денеска во Скопје на 87-годишна возраст почина еден од најценетите македонски универзитетски професори, доктор Милош Вучидолов.

Професорот Вучидолов беше тесно поврзан со сите спортски успеси на најголемите македонски спортисти уште од времето на поранешна СФРЈ, а потоа и во независна Македонија. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1963 година, а специјализирал спортска медицина во 1977 година. Од тогаш, а и многу години претходно, е неразделна целина од македонскиот спорт.

Др. Вучидолов беше и редовен професор на Факултетот за физичка култура во Скопје во периодот од 1981 до 1998 година, притоа докторирајќи на овој факултет во 1992 година, на тема: „Следење на промените на физиолошко-биохемиските варијабли во крвта во организмот на спортистите–борачи слободен стил”. Беше долги години спортски лекар на олимписките репрезентации на Југославија и Македонија во периодот од 1984 година до 2006 година.

Покрај бројните признанија и награди кои ги доби во својот живот, беше добитник и на Државната награда „8 Септември“ за животно дело.

Се вчитува...