ИН МЕМОРИАМ: Почина Стеве Грнчаров, легенда на ФК Тетекс

На 73-годишна возраст почина Стеве Грнчаров, некогаш истакнат фудбалер кој својата афирмација ја стекна во ФК Тетекс, играјќи како крило.

Грнчаров беше во Тетекс цела деценија, од 1974 до 1984 година, и остави неизбришлива трага во историјат ана овој клуб.

Роден е 1952 година во Струмица. Своите први фудбалски чекори ги имаше во Беласица, од каде заминува во Тетекс и станува легенда на овој клуб.

Се вчитува...