По кратко боледување синоќа почина легендата на македонската атлетика Ташко Благоев, еден од модерните креатори на атлетскиот спорт во нашава земја по независноста.
Благоев во својата кариера како спортист, во рамките на поранешна СФРЈ, е запаметен како еден од најдобрите атлетичари од Македонија, државен шампион во атлетските дисциплини. Во тренерската кариера во независна Македонија долги години беше предводник на АК Скопје, тренер на најславните македонски атлетски имиња како Елизабета Павловска, Марина Дамчевска, Трпе Мартиновски…
Ташко Благоев во 2014 година е добитник и на признанието за животно дело во македонската атлетика кое му го додели Атлетската федерација на Македонија.
Погребот на Ташко Благоев ќе биде денеска од 13 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА