Македонското карате остана без еден од најначајните спортски работници, Златко Богески – Ѕвер. Тој беше еден од првите каратисти од Прилеп во 1972 година и беше активен до сезоната 1993/94, а потоа продолжи да работи во сферата на каратето.
Богески беше дел од ккарате клубот Прилеп кој почна да функционира во 1972 година. Во тој период главни инструктори беа Кирил Иваноски – Дрцко и Борис Темоски – Бонтоно, тој по студирањето во Скопје, во 1978 година се враќа во клубот и носи многу новитети. Потоа се спојуваат неколку клубови во еден – КК Прилеп. По четири – пет години, каратистите поминуваат во КК Енергоинвест, кој беше своевиден македонски дрим тим и настапуваше во Првата лига на Југославија. За овој клуб настапуваа: Златко Богески, Дрцко, Бонтоно, Златко Пирганоски, Петар Камчески, Тони Мечев, Љупчо Трајкоски и суперзасилувањата Јорго Огненовски, како врвен репрезентативец на Југославија, па Назим Куртовиќ, Игор Маџар, Димче Савевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА