Легендарниот италијански голгетер Луиџи Рива денеска го загуби својот живот на 79-годишна возраст во болница во Италија по кратко боледување.
Рива целата своја кариера ја помина во редовите на Каљари настапувајќи од 1963 до 1976 година каде е најдобар стрелец во историјата на клубот со 208 голови на 378 настапи. И покрај тоа што последниот настап го забележа пред скоро 50 години тој и денеска е најдобриот голгетер на репрезентацијата на Италија со 35 постигнати голови на 42 одиграни натпревари.
Италија ја предводеше до титула на Европското првенство во 1968 кога во финалето се сретна со Југославија. Две години подоцна со „Аѕурите“ стигна до финалето на Светското првенство.
По крајот на играчката кариера 25 години ја извршуваше функцијата директор на репрезентацијата на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА