Фудбалерот на Атлетик Билбао Ињаки Вилијамс, во иднина ќе настапува за слекецијата на Гана, откако доби зелено светло од ФИФА. Со тоа афричката селекција добива големо засилување за Мундијалот во Катар.
Вилијамс има само еден настап за Шпанија, но тоа не му пречеше да ја одбере Гана. Тој играше и за неофицијалната селекција на Баскија, а има 17 настапи за младата репрезентација на „фуријата“. Откако не добиваше повици од селекторите во последните години, се одлучи во иднина да игра за Гана.
Потекнува од фудбалската школа на Атлетик Билбао, а веќе осум години е дел од сениорската екипа, и ретко пропушта натпревар за својата екипа.
Гана на Мундијалот во Катар е во група со Португалија, Јужна Кореја и Уругвај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА