Индијан Велс: Алкараз доминантно до одбрана на трофејот

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја одбрани титулата на првиот мастерс во сезоната. Во финалето на Индијан Велс славеше со 2-0 против Русинот Данил Медведев во меч кој траеше еден час и 44 минути.

Медведев подобро го започна мечот и имаше водство од 3-0, но како што одминуваше средбата Алкраз успеа да наметне свое темпо. Првиот сет го одлучи тај-брејк од 7-5, додека младиот Шпанец одигра доминантно во вториот сет и со 6-1 стигна до трофејот.

Се вчитува...