Индијан Велс и Мајами и годинава веројатно без Новак Ѓоковиќ

Американските власти го продолжија условот за влез во земјата дека патниците мора да обезбедат доказ за најмалку две вакцини против Ковид-19. Продолжените услови ќе важат најмалку до 10. април 2023 година, што практично го оневозможува настапот на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на турнирите што ќе се одржат во Индијан Велс и Мајами.

Можноста за промена на оваа одлука се уште постои, особено ако се земе предвид дека повеќето земји се откажаа од ваквите критериуми за влез многу порано.

Постојат две категории на патници кои можеби ќе бидат ослободени од доказ за вакцинација, но српскиот тенисер очигледно нема ни да се обиде да патува во САД доколку се задржат условите. Така беше и во 2022 година, кога освен Индијан Велс и Мајами, Ѓоковиќ ги пропушти и Синсинати и УС Опен. Претходно Новак беше депортиран од Австралија и не му беше дозволено да учествува ниту на првиот гранд-слем во сезоната.

Се вчитува...