Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе се соочат првпат по 2017 година откако закажаа меѓусебен полуфинален дуел на Мастерсот Индијан Велс.
Надал за место меѓу четворицта најдобри забележа четвртфинална победа над Карен Хачанов со 2-0 во сетови. Во мечот во кој бараше медицинска асистенција поради болки во десното колено, Надал ги доби двата сета по тај-брејк. Шпанецот изјави оти се надева дека се ќе биде во ред и ќе може да се соочи со Роџер Федерер кој до полуфиналето дојде благодарение на победата од 2-0 во сетови над Полјакот Хуберт Хурказ.
Двајцата великани последен пат се сретнаа во финалето на турнирот во Шангај во октомври 2017 година, Федерер победи во два сета. Швајцарецот ги доби последните пет пресметки со Надал кој пак води во меѓусебните дуели со 23-15.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА