Кошаркарите на Индијана ќе играат во големото финале на НБА лигата против Оклахома – откако по шест натпревари во серијата го победија Њујорк (125:106) во финалето на Источната конференција. Индијана ја искористи втората меч-топка пред своите навивачи и ги спречи Њујорк Никс да ја вратат серијата на домашен терен, каде што ќе имаа можност за еден од најголемите пресврти во историјата на лигата.
Индијана стигна до победа во еден од најважните натпревари во сезоната откако го скрши отпорот на противникот во третиот период. Пред тоа, се гледаше многу изедначен натпревар, во кој двата тима успеаја да постигнат само неколку поени разлика. На пример, во првата четвртина, и Њујорк и Индијана имаа предност од пет поени, додека во втората четвртина, Индијана имаше максимална предност од шест поени.
Во третиот период Пејсерси стигнаа до 13 поени разлика, по што немаше повеќе враќање за Њујорк, кој немаше ниту сила да го ублажи поразот, напротив, Индијана ја зголемија разликата и над 20 поени.
Најефикасен играч на натпреварот беше Паскал Сијакам, кој постигна 31 поен (10/18 од поле), а веднаш зад него беше Тајрис Халибартон, кој имаше 21 поен и 13 асистенции. Во поразениот тим се истакнаа ОГ Ануноби со 24 и Карл-Ентони Таунс со 22 поени, додека Џејлен Брансон, како прва ѕвезда на тимот, остана на 19 поени.
Финалето на НБА лигата за оваа сезона ќе се игра помеѓу Оклахома и Индијана, а нивната серија започнува на 6 јуни во 02:30 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

