Индијана го исфрли Кливленд, Денвер пред елиминација (ВИДЕО)

И додека на Запад продолжува драмата помеѓу Денвер и Оклахома, на Исток го дознавме првиот учесник во финалето на конференцијата. На општо изненадување на сите во НБА , тоа ќе биде Индијана, која претходната вечер го победи Кливленд со 114:105 на гостински терен, така што со вкупен резултат од 4:1 обезбеди пласман и финалето на Истокот.

Повторно, Пејсерси беа предводени од неверојатниот Тајрис Халибартон, кој имаше 31 поен, осум асистенции и шест скока, а доволно зборува за него тоа што тимот имаше „+31“ со него.

По одличниот старт на Кливленд, кој ја доби првата четвртина со 31-19, и се чинеше дека ќе стори се да намали во серијата, сепак, во вториот и третиот период целосна доминација на Индијана, која ги доби со 25-33 и 20-33, со што се стекна со солидна предност од девет поени пред последниот период. Кливленд не се предаде, стигна до -1 поен, меѓутоа секогаш Индијана наоѓаше начин како да „избега“, и со добра серија во финишот од од 5-0, успеа да направи недостижни осум поени разлика, и да го приведе натпреварот победнички до крај.

Така, магичната сезона за Кавалирс завршува во полуфиналето на Истокот, иако нивните амбиции беа дека ќе одат во финале и ќе се борат за трофејот.

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ги победија Денвер Нагетс со 112:105 во петтиот натпревар од полуфиналето на плејофот на Западната конференција од НБА лигата и сега им треба само уште една победа за да се пласираат во финалето на конференцијата. Оклахома има водство од 3:2 во серијата од четири добиени меча.

Играчите на Тандер стигнаа до прославата со пресврт во последната четвртина. Денвер имаше девет поени предност (90:81) и беше во водство на четири минути до крајот на натпреварот. Последниот нерешен резултат во натпреварот беше 103:103, а потоа домаќинот на натпреварот направи серија од 11:2 во последните 79 секунди за третата победа во натпреварите против Денвер.

Главната заслуга на „Тандер“ за победата беше лидерот на тимот, Шej Гилџус-Александар, со 31 поен, шест скока и седум асистенции. Џејлен Вилијамс додаде 18 поени и имаше девет украдени топки, а покрај тие две, уште четворица играчи постигнаа двоцифрен број поени за Тандер. Залудна беше одличната партија на Јокиќ кај Денвер кој постигна 44 поени.

Се вчитува...