Кошаркарите на Индијана пејсерс поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во Источната конфереција во НБА лигата откако вечерва на домашен терен го прегазија Милвоки бакс со 98-117.
Уште од самиот старт домаќините тргнаа фуриозно, па сите дилеми околу конечниот резултат ги разрешија уште на полувреме кога имаа предност од 67-43.
Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 98-117. Паскал Сјакам со 25 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 36 поени на Јанис Адетокумбо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА