Индијана Пејсерс ја остварија првата победа во новата НБА сезона, победувајќи ги Голден Стејт Вориорс со 114:109, со што ја прекинаа серијата од пет последователни порази на почетокот од шампионатот.
Квентон Џексон беше херој на натпреварот, постигнувајќи 12 од своите 25 поени во последната четвртина, вклучувајќи го и клучниот шут во финишот, иако најефикасен играч во победничкиот тим беше Арон Насмит со 31 поен, додека Паскал Сиакам додаде 27.
За Вориорс, Стеф Кари постигна 24 поени, Џими Батлер 20 и Џонатан Камингс 17.
Пејсерси успеаја да го надминат двоцифрениот дефицит во последната четвртина и да го добијат натпреварот. Сепак, и покрај триумфот, Индијана останува ослабена поради бројните повреди. Тајрис Халибартон, Оби Таупин чекаат операција, а Бенедикт Матурин, Ендру Немхард и Меконел исто така отсуствуваат од тимот.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Голден Стејт 114:109
Вашингтон – Орландо 94:125
Бостон – Хјустон 101:128
Детроит – Далас 122:110
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

