Кошаркарите на Индијана го совладаа Вашингтон со 162-109 и поставија рекорд на франшизата по бројот на постигнати поени во еден натпревар. Девет играчи на Индијана постигнаа двоцифрен број поени, а водечки беше Тајрис Халибартон со 29 поени, па следеа Мајлс Тарнер со 17 и Џерес Вокер со 16 поени.
Пејсерси можеа и поубедливо да победат, но не ги искористија нападите на нешто повеќе од минута. Претходниот рекорд на франшизата беше 157 поени.
everyone eats
pic.twitter.com/9ARZGj7cKB
— Indiana Pacers (@Pacers) March 28, 2025
Вашингтон прими најмногу поени во историјата, а најефикасен во тимот беше Алекс Сар со 22 поени и седум скока.
Џордан Пул додаде 18 поени, а поранешниот кошаркар на Партизан, Тристан Вукчевиќ одигра 15 минути и постигна четири поени (1/6 за два, 0/2 за три, 2//2 од пенал) со два скока и една асистенција.
На другите натпревари, Хјустон ја победи Јута со 121-110 со 33 поени и 10 скока на Алперен Шенгун, а Сакраменто го победи Портланд со 128-107 и ја прекина серијата од четири порази.
Далас го совлада Орландо со 101-92, додека Мајами со 36 поени на Тајлер Хиро ја совлада Атланта и ја забележа третата последователна победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА