Во реприза на минатогодишното финале во НБА лигата кошаркарите на Индијана пејсерс славеа на гостувањето кај Оклахома сити тандер со 114-117.
Залудни кај шампионот беа и 47 поени кои ги постигна Шаи Гилџс Александер. Кај победникот Ендрју Немхард заврши со 27 поени.
Денвер нагетс стигнаа до уште една победа без Никола Јокиќ, откако славеше на гостувањето кај Милвоки бакс бакс 100-102. За издвојување од овој меч е повредата на Јанис Адетокумбо кој ќе пропушти четири до шест седмици.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Хјустон 104-111, Атланта – Феникс 110-103, Бруклин – Бостон 126-130, Кливленд – Сакраменто 123-118, Мемфис – Њу Орлеанс 127-133 и Портланд – Торонто 98-110.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

