Неочекуван развој на настаните се случи во серијата од второто коло од плејофот на НБА помеѓу Кливленд и Индијана , каде што гостинскиот тим ја забележа својата втора победа по два натпревари на гостински терен. Конечниот резултат на натпреварот беше 120:119, а пресвртот се случи на крајот откако Кавс имаа големо водство.
Сè мирисаше на убедлива победа за Кливленд, тие поведоа по шест минути игра, а до крајот на првата четвртина ја направија најголемата разлика од 18 поени. Големото водство на „Кавс“ варираше како што се одвиваше натпреварот, но изгледаше како невозможна мисија за нив да го изгубат. Сепак, тоа се случи во четвртата четвртина, која тимот на Пејсерс ја доби со резултат од 36:21.
TYRESE HALIBURTON WINS GAME 2 FOR THE PACERS 😱🤯
WHAT. A. WILD. PLAY. pic.twitter.com/rFsjZmtrBz
— NBA (@NBA) May 7, 2025
Залудна беше совршената игра на Донован Мичел кој постигна 48 поени. Кај Пејсерс со 23 поени најефикасни беа Нејспит и Тарнер.
Кошаркарите на Голден Стејт ја победија Минесота со 99:88 и поведоа со 1-0 во полуфиналето на Западната конференција, но повредата на Стеф Кари ја засени победата. Најдобриот шутер на сите времиња играше со повреда на палецот, а сега има проблем со повреда на тетивата. Прашањето а е дали најдобриот тројкаш во историјата на НБА и четирикратниот шампион ќе може да се врати бидејќи веќе го напушти теренот во втората четвртина откако се фати за левата нога. После тоа не се враќаше повеќе во игра.
Вориорс славеа на крилата на Бади Хилд, кој продолжи таму каде што застана во седмиот натпревар против Хјустон, па сега постигна 24 поени и погоди пет тројки во осум обиди. Џими Батлер додаде 20 поени, 11 скока и осум асистенции, додека Дрејмонд Грин додаде 18 поени.
Шутот за три на Минесота беше катастрофално, погодија само седум тројки од 47 обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

