Денвер експресно се врати на победнички патеки откако нагетси рано утрово славеа со 120-135 на гостувањето против Индијана пејсерс. Домашниот тим целиот свој фокус го насочи кон Никола Јокиќ, но настрада од феноменалниот Џамал Мареј. Канадскиот ас одигра меч за паметење, реализирајќи 52 поени со шут за тројка 10/11, со што беше најзаслужен за големата победа. Што се однесува до Јокиќ, српскиот центар го заврши мечот со 24 поени, 8 скокови и 13 асистенции, за малку не стигнувајќи до нов трипл-дабл.
Далас за првпат сезонава врза три победи славејќи над Мајами со 118-108, дуел во кој прв стрелец беше дебитантот Купер Флег со 22 поени и шест скокови.
ЛА Клиперс ја прекина серијата порази со рутински триумф во Атланта од 92-115. Харден беше во главна улога со 27 поени и 9 асистенции, додека Ленард постигна 21 поен за победничкиот тим.
Резултати:
Кливленд – Портланд 110-122, Индијана – Денвер 120-135, Орландо – Сан Антонио 112-114, Атланта – ЛА Клиперс 92-115, Њујорк – Шарлот 119-104, Чикаго – Бруклин 103-113, Хјустон – Сакраменто 121-95, Милвоки – Детроит 113-109, Далас – Мајами 118-108.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

